Обвинителот кој се спогоди со Кичеец па стана адвокат, пак сака да правораздава – аплицирал во четири обвинителства
Арсим Адеми, кој од обвинители отиде во адвокатура, а се прослави со спогодбата која ја направи со Зоран Милевски-Кичец за сообраќајката на Стража, сака пак да правораздава. На конкурсот кој беше распишан за избор на нови обвинители, поднел дури четири апликации, информира Скопје 1.
Па така, Советот на јавни обвинители, ќе одлучува дали ќе го врати, а може во скопското, кичевското, тетовското или пак, во гостиварското основно јавно обвинителство. Адеми изминативе години беше адвокат, а по спорната спогодба за која Советот на јавни обвинители можеше да отвори постапка против него. Сега може да се врати без можност Советот да му покрене било каква постапка.
…
ФОТО: Истражувачка репортерска лабораторија (ИРЛ)