Обвинителот Коцевски бара од Ѓорѓиевски докази дека некои не оделе на работа а примале плата
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изјави дека дека Јавното обвинителство треба да постапува „по допрен глас“ за тоа дека стотици лица во јавните претпријатија земале плата а не оделе на работа. Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, му одговори дека доколку поседува докази за криминал, негова обврска е да ги пријави во надлежните институции.

„Во однос на изјавите на градоначалникот дека ЈО треба по допрен глас, само ќе кажам дека тој како градоначалник доколку има докази тоа може да го пријави на надлежните органи, а тоа е МВР и да ги донесе тие документи евентуално во ЈО. И досега обвинителството така постапувало, што значи дека ќе постапува и понатаму и доколку навистина има злоупотреби ние стоиме на располагање“, изјави Коцевски.
Синоќа на Сител Ѓорѓиевски рече дека отпуштил 500 вработени од јавните претпријатија затоа што со месеци дури и години не оделе на работа, а земале плата






