Обвинителство: Ако финансиска полиција не постапи, ние ќе отвориме предмет против Арсовска

Ако Финансиска полиција не постапи, Обвинителството најави дека ќе оформи предмет против градоначалничката Данела Арсовска во врска со потрошените 30.000 евра за украсување, за што не бил распишан тендер.

Се поставува прашањето зошто не е распишан тендер, бидејќи според Законот за јавни набавки, за сума над 1.000 евра мора да се објави оглас.

„Со оглед на изнесените наводи во конкретниот случај, Управата за финансиска полиција како орган надлежен за откривање на евентуални кривични дела и контрола на финансиските текови има надлежност да ги испита сите околности и да достави соодветно известување или пријава. Доколку Финансиската полиција не постапи, обвинителството ќе оформи предмет и ќе нареди да се извршат сите проверки“ велат од обвинителството.

Back to top button
Close