Обвинителство: Немаме можност за незаконско следење, отворен е предмет по наводите од АНБ, објави 4NEWS.mk

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска категорично демантираше дека има каква било можност за незаконско следење на комуникациите, појаснувајќи ја својата улога во процесот. Истовремено, од Обвинителството потврдија дека е отворен предмет во кој детално ќе се истражат последните наводи од Агенцијата за национална безбедност (АНБ)

Во реакцијата испратена до медиумите, од Обвинителството наведуваат дека тие единствено ги проследуваат законски заснованите барања од АНБ за превентивни разузнавачки мерки до Врховниот суд.

Врховниот суд потоа издава соодветна наредба за реализација на мерките. Согласно законот за следење на комуникациите, наредба за посебни истражни мерки може да се издаде само за кривични дела строго предвидени во самиот закон“, се вели во соопштението.

Од таму информираат дека по претходните наводи за следење на премиерот, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) веќе оформило предмет.

„По насоки на Јавниот обвинител на РСМ, Љупчо Коцевски, ОЈО ГОКК оформи предмет во кој се преземаат дејствија на проверки. Воедно, и наводите во последните известувања од АНБ детално ќе бидат испитани“, соопштија од Јавното обвинителство.

Back to top button
Close