Обвинителство за убиството на лекарот Трповски: Нема да споделуваме детали кои можат да ја загрозат постапката

Откако дополнителниот заменик министер на МВР, Митко Бојмацалиев, изјави дека матичниот лекар Ацо Трповски не бил убиен во неговиот автомобил туку на друго место коешто треба допрва да се утврди,од Обвинителатвото велат дека засега не можат да споделат други детали.

На прашањето на ,,Фокус”, дали изјавата на Бојмацалиев произлегува од обдукцијата, од Обвинителството одговориле дека јавното обвинителство не е во можност да споделува детали кои можат да ја загрозат постапката. Апелираме и до другите институции во оваа фаза на постапката да се воздржуваат од изнесување информации од чувствителен карактер, бидејќи сторителот се уште не е откриен.

Повеќе

Back to top button
Close