Обвинителството бара МВР испорачува – Мицкоски за притворот на Нацев, оставка не коментира

Обвинителството согласно истрагата побарало МВР испорачува притварање коментираше премиерот Мицкоски за неговиот сопартиец Александар Нацев професор и еден од сопствениците на агенцијата Рубикон за обезбедување на дискотеката Пулс во која загинаа 62 лица а 200 се со тешки повреди.

Мицкоски одбегна да одговори на новинарското прашање што е со оставките од него и министерот Тошковски и председателката Сиљановска – Давкова побарани од родителите на последниот нивни протестен марш во Кочани.

Мицкоски остана без одговор за неговата изјава дека се шпекулации тврдењата дека агенцијата Рубикон е блиска до него и ВМРО – ДПМНЕ и ветувањето дека тој е сигурен дека такво нешто нема но ако се докаже тој ќе си поднесе оставка веднаш.

Денеска премиерот заборави на таа изјава и повторно велеше дека опозицијата со „некрофилство“ на грбот на несреќните родители се обидува да ќари политички поени но дека тоа не им успевало бидејќи народот знаел што се’ за него прави владата и затоа таквиот начин не им носел успех.

Но, како што рече тоа било нивна работа.

 

Back to top button
Close