Oбвинителството бара нов притвор за Јанакиески

Оправдан страв од бегство. Ова е причината поради која Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција побара притвор за екс министерот за транспорт Миле Јанакиески. Предлогот е до Основниот кривичен суд од каде за Телма ја потврдиле информацијата дека предлогот стигнал и до судот но не се знае кога ќе се донесе одлука.

Од Обвинителството велат дека по објавување на пресудата за Организаторите на настаните од 27 април судот за Миле Јанакиески го одби предлогот за притвоор бидејки тогаш ефективен за него беше куќен притвор по предметот ТНТ. Ваквата одлука беше до правосилно завршување на постапката или поинаква одлука. Но во четвртокот апелациониот суд го укина куќниот притвор за Јанакиески па сега обвинителстовото повторно бара притвор за него. Во меѓувреме тројца осудени за крвавиот четврток Трајко Вељановски, Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски се во куќен притвор.

Од обвинителстовото дополнително велат дека на ваквото барање влијаело и повеќето кривични постапки што се водат против обвинетиот, околностите што укажуваат на неговите познанства како поранешен министер, реалната можност за изрекување на други пресуди во кои би бил огласен за виновен, како и фактот што за останатите обвинети во предметот е определена мерка куќен притвор.​ Инаку Јанакиески за предметот за крвавиот четврток е осуден на 6 години и 3 месеци затвор, но жалбата за оваа пресуда е поднесена во четвртокот истиот ден кога тој излезе од домашен притвор.

Back to top button
Close