Обвинителството: До 9:30 часот Вања била убиена, а „цитроенот“ запален

На денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Обвинителството презентираше снимки што ја прикажуваат траекторијата на возилата со кои било извршено грабнувањето на девојчето.

Според обвинителката, до 9:30 часот Вања веќе била убиена, а „цитроенот“ бил запален. На снимките од Прочистителната станица во село Бразда се гледаат двете возила како се движат по извршеното убиство, упатувајќи се кон местото каде подоцна е запален автомобилот.

Во 9:08 часот на снимките минува прво едното возило, а по него и „цитроенот“. Во 9:28 часот повторно е забележано „кангуто“, но не и „цитроенот“, што, според обвинителството, потврдува дека автомобилот бил запален неколку минути претходно.

По настанот, „кангуто“ се враќа преку Чаир и Битпазар до седиштето на партијата Десна. Обвинителката Јосифовска тврди дека со возилото управувал Палевски, а до него седел Велибор Манев (tv21)

Back to top button
Close