Обвинителството ќе ги проверува полицајците кои постапувале по пријавите од Ивана кога Стојанче ја тепал

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ќе го испитува постапувањето на полициските службеници во случаите на пријавено семејно насилство, правено од страна на Стојанче Јовановски врз неговата сопруга Ивана и малолетната ќерка Катја.

Предметот веќе е доставен до ОЈО ГОКК и ќе го преземе обвинител од Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања, кој ќе утврдува дали постои основ за кривична одговорност кај службените лица.

„Утрово за известувањето на МВР за полициските службеници поврзани со случајот на Стојанче ви проследувам одговор: Известувањето за кое покажувате интерес е доставено до ОЈО ГОКК во текот на вчерашниот ден и истото ќе биде дадено на постапување на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција“, велат од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Според обезбедените докази, насилството било континуирано и ескалирало со текот на времето. На 2 март, на повеќе локации во Скопје, обвинетиот физички ја нападнал сопругата, удирајќи ја со шлаканици и тупаници, при што таа изгубила свест. Истиот ден ѝ упатил и сериозни закани по живот, предизвикувајќи кај неа страв и чувство на загрозеност. Ивана пријавувала во полиција, сведочеше и нејзината мајка пред судот.

Мајката на Ивана сведочеше: Стојанче ја тепаше додека беше со дете во раце, Катја кажуваше „бабо, тато ја шутираше мама и ѝ викаше д*ољо“

Покрај Внатрешната контрола во МВР, сега и обвинителството ќе утврдува дали институциите соодветно постапувале по претходните пријави за насилство и дали евентуални пропусти довеле до трагичниот исход

Back to top button
Close