Обвинителството го повлекло предлогот за притвор на еден од осомничените во случајот со барање пари од бизнисмен

За првоосомничениот со иницијали М.М., кој се гони за делото измама, е прифатен предлогот и судија на претходна постапка му определил притвор од осум дека бидејќи станува збор за предмет по скратена постапка. На второсомничениот за лажно претставување, пак, откако обвинителството побарало поблаги мерки, судијата му го одзел пасошот и му наложил повредено да се пријавува во судо. Обвинителството го повлекло предлогот за притвор на еден од осомничените во случајот со барање пари од бизнисмен”

Иако Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје побара притвор за двајцата осомничени лица во случајот со барањето пари од бизнисмен со цел да се запре непостоечка истрага против него, обвинителството се предомислило и за еден од осомничените и го повлекло предлогот.

„По спровод на двете лица во Кривичниот суд, на рочиштето за одлучување по поднесениот предлог, надлежниот јавен обвинител го повлече предлогот за едното лице и предложи поблаги мерки за обезбедување присуство“,

соопштија од Основниот кривичен суд.

Оттаму додаваат дека за првоосомничениот со иницијали М.М., кој се гони за делото измама, е прифатен предлогот и судија на претходна постапка му определил притвор од осум дека бидејќи станува збор за предмет по скратена постапка. На второсомничениот за лажно претставување, пак, откако обвинителството побарало поблаги мерки, судијата му го одзел пасошот и му наложил повредено да се пријавува во судот.

Во соопштението кое ОЈО Скопје го објави претходно не наведоа дека еден од осомничените е вработен во Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Иако според неофицијални информации во случајот тој е лицето што се гони за лажно претставување, од АНБ во изјава за државната агенција МИА демантираа дека вработени во Агенцијата се уапсени или инволвирани во случајот.

За осомничениот за измама кој доби притвор, пак, извори во истрагата упатуваат на тоа дека станува збор за лице кое беше обвинето, а потоа амнестирано во предметот за настанатите од 27 април 2017 година во Собранието.

Според информациите од обвинителството, тој излажал дека има информации за наводна постапка од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција против физички лица и фирми. На својот компјутер изготвил и лажна наредба за отворање на наводната постапка со која уверувал бизнисмен за веродостојноста на неговите информации.

„Од еден од наводно осомничените во таа постапка и негов пријател побарал парична награда од 75 000 евра кои ќе му бидат исплатени во неколку наврати за да ги искористи своите конекции и врски што наводно ги имал со службени лица – истражители во обвинителството за да се запре постапката. Наредбата со невистинита содржина која му ја прикажал на оштетениот за да го увери во вистинитоста на своите тврдења осомничениот ја креирал на неговиот компјутер, со што го довел во заблуда оштетеното лице“,

велат од ОЈО Скопје.Во тоа му помогнал второосомничениот. Тој, како што соопштија од ОЈО Скопје, бил на средба со бизнисменот против кого наводно се водела постапка и лажно му се претставил дека е вработен во Управата за финансиско разузнавање и воедно дека е истражител во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Средба за земање дел од парите кои ги барале се одржала во средата (3 ноември). Првоосомничениот се сретнал со бизнисменот во ресторан во Скопје и зел од него 5 000 евра, по што следуваше и акцијата за приведување.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close