Обвинителството истражува дали Иџет Мемети вработил несоодветен правобранител во Кичево

Скопското јавно обвинителство истражува дали поранешниот Народен правобранител, Иџет Мемети предложил заменик на Народниот правобранител за подрачјето на Кичево кој не ги исполнувал бараните услови за ова место односно го немал потребното образование и потребното работно искуство. Обвинителството веќе ја побарало документацијата од институцијата, но се уште не ја добиле.

-Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, во насока на утврдување на фактите во предметот за кој покажувате интерес, испрати барање до Канцеларијата на Народниот правобранител за обезбедување на целокупната документација во врска со изборот. По барањето се уште не е постапено. Предметот е во фаза на предистражна постапка. Откако ќе ја обезбеди неопходната документација и ќе ја проучи, јавниот обвинител ќе донесе одлука за натамошното постапување, велат од Обвинителството за „Фокус“.Актуелниот Народен правобранител, Насер Зибери пак тврди дека обвинителството побарало документација и дека тие ја доставиле. Според неговите сознанија за овој случај постапка се водела пред ДКСК и Уставен суд, но и двете институции ја прекинале.

Back to top button
Close