Обвинителството нареди обдукција на телата на починатите мајка и ќерка, се вршат разговори со повеќе лица


Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во Карпош, каде по пад од висококатница починаа жена и малолетно дете, информираат од Обвинителството.

Оттаму додаваат дека јавниот обвинител наредил обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.

„Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот. Повеќе детали од дејствијата во текот на утрешниот ден“,

се наведува во соопштението на Обвинителството.
Вечерва на социјалната мрежа Фејсбук се огласи братот на младата жена која со своето дете беа пронајдени мртви по пад од балкон во скопската населба Тафталиџе. Како што посочува Александар Стојаноски во објавата, државата и институциите денеска овозможиле да згаснат млади животи и ја повика јавноста да не шпекулира околу тоа што се случило.

Back to top button
Close