Обвинителството оформи предмет по сторијата на ИРЛ дека скапото лекување од ковид-19 во клиниката Жан Митрев било непријавена клиничка студија

Истражувањето на новинарите од Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) покажува дека приватната болница која прими најмногу пациенти за време на ковид-19 пандемијата и во која лекувањето чинеше десетици илјади евра, го применувала методот хемофилтрација (филтрирање на крвта) кој практично бил клиничка студија. Наспроти домашните законодавство, клиничките студии не биле пријавени и одобрени од МАЛМЕД

Во научните трудови објавени врз основа на клиничките студии во Жан Митрев, пишува и дека значителен дел од пациентите добиле интрахоспитални инфекции за време на лекувањето. Тоа го тврдат и дел од роднините на починати пациенти во болницата. Според Центарот за јавно здравје – Скопје, клиниката Жан Митрев ниту еднаш не пријавила појава на интрахоспитални инфекции иако по закон треба да го извести државниот орган

На прашање од 360 степени, од Јавното обвинителство велат дека веќе оформиле предмет по допрен глас.

Повеќе

Back to top button
Close