Обвинителството се жали за куќниот притвор за екс директорите од Онкологија

Обвинителството вложило жалба на решението на Кривичниот суд да им биде определен куќен притвор на поранешнте директори од Клиниката за онкологија, медицинскиот Нино Васев и организацискиот Нехат Нухи обвинети за случајот „Онкологија“.

– Јавниот обвинител е незадоволен од одлуката и бара од Апелацискиот суд да ја преиначи во ефективен притвор, бидејќи цени дека со поблага мерка не може да се гарантира непречено водење на кривичната постапка. Имајќи предвид дека со двете поднесени обвиненија на обвинетите им се ставаат на товар повеќе тешки кривични дела за кои се запретени високи затворски казни, како и другите околности кои укажуваат на опасност од бегство, мерката куќен притвор не претставува доволно ефикасна заштита – соопшти Обвинителството.

За овој случај се поднесени две обвиненија за финансиски малверзации и за начинот на лекување на дел од пациентите.

Извор: Слободен печат

Back to top button
Close