Обвинителството со детали за апсењата поради фалсификувани пари: пронајдени и одземени 1 милион евра лажни пари

Обвинителството денеска презентираше детали за предметот „Вардар“, во кој во вчерашна акција биле уапсени неколку лица во Македонија и Србија, поради изработка на фалсификувани пари на териториите на двете земји.

Беше кажано дека биле претресени 18 локации низ Македонија, и се одземени предмети. Биле пронајдени 1 милион евра лажни пари.

„Обвинителствто оза гонење на организиран криминал во координација со полициски службеници се постапи по 23 издадени наредби од страна на Основен крицвичен суд, по кој се постапуваше, и се вршеше претрес на 18 локации. По извршените претреси се пронајдоа и одземаа предмети и попрема, и пари кои служат за вршење на кривично дело фалсификување на пари. Како резултат на преземените дејствија, беа пронајдени и одземени некаде околу 1 милион евра лажни пари, но и вистински пари, опрема за фалсификување на пари, машини, делови од машини, најразличен вид на материјали кои служат за изработка на лажните банкноти, хартија и хемикалии“, изјави јавниот обвинител Дејан Петрески

Back to top button
Close