Обвинителството води предистрага за тендерот на РЕК „Битола“ за кој прозиваше Чулев
Ковачевски, исто како и Чулев, повика сите надлежни институции да постапат и да работат на случајот, а во интерес на вистината, но ги отфрли изјавите на министерот и најави кривична против него.

На прашањата на „360 степени“ дали се постапува по овој предмет и до каде е постапката, која е уценетата, а која привилегираната фирма, за кои зборуваше Чулев, Обвинителството даде краток одговор во кој посочува дека случајот е во предистрага.
„Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ги презема сите неопходни мерки во насока на расветлување на случајот за кој покажувате интерес. Со оглед дека се работи за предмет во предистражна постапка, во моментов Обвинителството не може да сподели повеќе детали – велат од Обвинителството.
…