Обвинителството за случајот со Рашковски: Имаше претрес на Правен, досега не се пронајдени материјали за испитите во Академијата за судии и обвинители

Обвинителството правело претрес во простории на Правниот факултет, а преку соопштение објави дека: одземени се компјутери; во истрагата досега не се пронајдени материјали за испити за идните судии и обвинители; софтверот за приемни испити на Академијата за судии и обвинители не е одземен

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција се огласи за истрагата поврзана со ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, и вели дека е точно оти е направен претрес во просториите на Правниот факултет „Јустинијан Први – Скопје и одземени се компјутери.

Станува збор за простории кои ги користел Даниел Станчев, управител на „Инвока гроуп“, фирма преку која, како што беше објавено изминатиот период, бил набавен и софтверот за тестирање на кандидати за Академијата за судии и јавни обвинители.

Досега, тврди обвинителството, не се пронајдени материјали од приемните испити за идните судии и јавни обвинители. „Во досегашната истрага, не се пронајдени материјали поврзани со приемните испити на слушатели во Академијата на судии и јавни обвинители.

Што се однесува до софтверот за полагање на испитот за прием на слушатели во Академијата на судии и јавни обвинители, истиот не е одземен.“, соопштија од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Back to top button
Close