Од 14 нови вработени во Државниот архив ниту еден не е Албанец, ДУИ со ново обвинување за дискриминација

Опозициската Демократска унија за интеграција (ДУИ) повторно реагира и обвинува за дискриминација на Албанците при вработувања во државните институции, што според партијата е директна последица на укинувањето на т.н. „балансер“.

Партијата на Али Ахмети изминатиов период во повеќе наврати реагира на, како што го оценуваат, шокантниот дисбаланс при распределбата на работни места во институциите според етничка припадност, а овој пат оттаму тврдат дека неделава во Државниот архив на Северна Македонија биле ангажирани 14 нови вработени, од кои сите Македонци и ниту еден Албанец.

Од партијата велат дека не станува збор за случајност, туку за симптом на, како што го формулираат, систематското исклучување на Албанците од институциите на државата.

Уште позагрижувачки, велат од ДУИ, е тоа што, според нив, по првпат од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор ниту една од раководните позиции – ниту директорската ниту заменичката – не му припаѓа на претставник од албанската заедница.

„Една од клучните институции за меморијата и идентитетот на државата целосно е претворена во моноетнички бастион. Сето ова се случува во период кога институциите се систематски напаѓаат во поглед на мултиетничката застапеност. Наместо да се негува соживот и рамноправност, сведочиме на планско елиминирање на Албанците од јавниот сектор“се наведува во соопштението од ДУИ.

Оттаму наведуваат дека ситуацијата за која обвинуваат е директна последица на укинувањето на „балансерот“, механизмот со кој беше регулирано вработувањето според етничка припадност.

Без тој инструмент, кој Уставниот суд го укина во октомври лани, од ДУИ сметаат дека шансите за фер застапеност исчезнуваат, а државните институции, велат, сè повеќе личат на едноетнички институции од едно друго време.

За ваквата состојба партијата од Мала Речица вината ја гледа и во недјствувањето на нивните политички противници од ВЛЕН кои се дел од власта

Back to top button
Close