Од 15 јуни MTAG лентите на патарините ќе бидат само за електронски тагови

Јавното претпријатие за државни патишта информира дека од 15 јуни 2026 година лентите означени за MTAG на наплатните станици ќе бидат наменети исклучиво за корисници со електронски тагови.
Со новите оперативни измени, наплатата со MCard на овие ленти целосно се укинува.
Од ЈПДП појаснуваат дека корисниците кои користат MCard ќе треба наплатата да ја вршат на останатите достапни ленти на патарините, согласно нивната намена.
Претпријатието апелира до возачите строго да ја почитуваат вертикалната и хоризонталната сигнализација, како и информативните електронски табли поставени пред и на самите наплатни станици.
Според категоризацијата, лентите ќе бидат означени за:
електронска наплата (MTAG / MCARD)
готовинско плаќање (CASH)
Воедно, ЈПДП потсетува дека:
зелената стрелка означува активна и отворена лента,
додека црвениот икс (X) означува затворена лента.
Од претпријатието предупредуваат дека непочитувањето на сигнализацијата и намената на лентите може да предизвика застои и да влијае врз безбедноста и ефикасноста на сообраќајот.






