Од 26 март: Летовите Скопје-Софија во понеделник и сабота
03.03.2022 12:23
138 Читање помалку од 1м
Првиот лет на бугарската авиокомпанија „Гуливер“ ќе биде на 26 март 2022 година. Авиокомпанијата ќе има редовни летови на релација два пати неделно, во сабота и во понеделник.
„Обновувањето на летовите меѓу Бугарија и Северна Македонија е важен чекор за подобрување на транспортната поврзаност меѓу двете земји. Оваа заложба беше преземена од бугарската влада и веќе е реализирана благодарение на нашето добро партнерство со мојот македонски колега Благој Бочварски – изјави бугарскиот министер Николај Шабев, цитиран од неговиот прес-центар.
Сабев нагласи дека се работи и на тоа што поскоро да се изгради железничка врска меѓу двете земји.
На 11 февруари беше воспоставена авиолинијата Скопје-Софија.