Oд 700 објекти со решение за отстранување зошто први ние. Угостителите од Трговскиот центар реагираат на кривичната од градоначалникот Крстевски
На изјавата на Кочанскиот градоначалник дека поднел кривични пријави за угостителите во Трговскиот центар работат без дозволи и ја загрозуваат безбедноста на граѓаните и ги игнорираат барањата да ги отстранат истите реагираа угостителите а одговор на повикот од градоначалникот Крстевски стаса и од повиканите Пазарниот инспекторијат и од АХВ.
Од Пазарниот инспекторат возвратија дека немаат надлежност да отстрануваат дивоградби, но потврдија дека имаат издадено платни налози за констатираните нерегуларности и редовно ја информираат Општината. АХВ, пак, соопшти дека не е надлежна ниту за HACCP елаборати, ниту за технички приклучоци како струја. Според нив, нивната улога е ограничена на регистрација на објекти за преработка на храна од неживотинско потекло, врз основа на доставена валидна документација.
Од друга страна, угостителите од Трговскиот центар во Кочани реагираат дека постапките на градоначалникот се селективни и непромислени. Потсетуваат дека во Кочани има над 700 објекти кои со години чекаат извршување на решенија за отстранување, но акцијата почнува токму со нив. Велат дека се подготвени на конструктивен дијалог, но бараат јасни насоки за тоа што е дозволено, а што не.