Од 75 на 100 денари: Се зголемува капитациониот бод за матичните доктори од општа медицина, гинекологија и стоматологија
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес конференција истакна добра вест дека донесена е одлука за историско зголемување на капитациониот бод за матичните доктори од општа медицина, гинекологија и стоматологија.
Како што вели, оваа одлука почнува од месец април.
„Зголемувањето на капитацијата на матичните доктори значи повисоки плати и помотивирани лекари. Согласно оваа одлука вредноста на капитациониот бод за општа медицина и гинекологија ќе се зголеми од 75 на 100 денари, додека за стоматологија од 61 на 75 денари“, вели Мицкоски.