Од 9:00 часот пренасочување на сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране

– Поради поставување на канализациона мрежа во село Чајле денеска од 9:00 часот, сообраќајот на регионалниот пат Гостивар-село Чегране ќе се пренасочува по алтернативни патишта.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Back to top button
Close