Од цела влада увид како тече новиот центар за рехабилитација на објектот „Пониква“ на толку градежни и медицински експерти честа да извршат надзор владата им ја даде на портпаролката Митевa и пратеникот Лефков.

 

viber sharing button

 


Портпаролката на Владата, Марија Митева и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, 
извршија увид во одморалиштето на Пониква, кое наскоро ќе биде ставено во функција како рехабилитациски центар. Тие посочија дека во тек се финалните подготовки како системско уредување и опремување на просторот со социјални и едукативни содржинисо цел да се обезбедат оптимални услови за третман и целосно опоравување на повредените од Кочани.

,,Денеска во рамки на посетата на општина Кочани заедно со Миле направивме обиколка на одморалиштето на Пониква. Навистина можам да кажам дека финалните подготовки се во тек. Очекуваме веќе следната недела сите активности кои што се потребни да бидат завршени се со цел да обезбедиме максимално добра грижа за оние кои ќе ја посетуваат оваа рехабилитација. Целта е да дадеме максимална поддршка се со цел да обезбедиме максимално добри услови за сите повредени“, рече Митева.

Лефков посочи дека одморалиштето на Пониква, кое се наоѓа на над 1600 метри надморска висина, ќе биде отстапено на Министерството за здравство за третман на оние кои им е најпотребно. Тој  додаде дека се преземаат финални подготовки за уредување на просторот, вклучувајќи дезинфекција, поставување комарници и хуманизација преку социјални активности и едукативни материјали.

,,Одморалиштето на МВР е сметено на Пониква на над 1600 метри надморска висина, односно во она кое што се нарекува воздушна бања на Осоговските планини. Претставува идеално место за одмор и затоа ја поздравуваме одлуката да биде отстапено на Министерството за здравство за третман лекување на оние на кои што најмногу им е потребно. Направивме увид и гледаме дека потребни се да се преземат уште неколку чекори за да биде финализирано и завршено. Денеска во текот на денот ќе следи дезинфекција, дератизација и дезинскекција на целиот простор поставување на потребни комарници а ќе се обидеме во вторник да направиме една акција за конечна хуманизација на просторот, уредување со социјални игри, книги, учебници и некои други помагала кои што ќе го направат престојот уште попријатен“, истакна Лефков.

 

Back to top button
Close