Од четврток кино „Милениум“ почнува повторно со работа

 Од четврток 17 јуни Градското кино „Милениум“ во Скопје ќе почне повторно со работа.

На репертоарот се наоѓаат новиот дел од филмската сага „Брзи и бесни“, „Денови на гнев“ од Гај Ричи, драмата „Шарлатан“, современата верзија на класичниот роман на Чарлс Дикенс – „Твист“ и шведскиот анимиран филм „Безопашестиот Пеле“.

Билетите се достапни на билетарница во киното по цена од 150 денари.

Back to top button
Close