Од денеска нема да работат семафорите на крстосницата на „Водњанска“ со улица „Васил Ѓоргов

Од денеска, на крстосницата булевар „Водњанска“ со улица „Васил Ѓоргов“, екипи на ЈП „Улици и патишта” задолжени за одржување на светлосната сигнализација на градските сообраќајници ќе започнат со активностите за преместување на семафорскиот уред и од 9 часот утрото, па се до завршување на активностите семафорите привремено нема да работат.

На овој потег ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација и сообраќајот ќе биде регулиран со асистенција од сообраќајната полиција.

ЈП „Улици и патишта“ Скопје апелира за внимателност во сообраќајот и за трпение на граѓаните кои ќе сообраќаат во овој дел од градот.

Back to top button
Close