Од денеска попладне нестабилно време

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, денеска попладне, во текот на ноќта и во четврток времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 л/м2), засилен ветер (над 60 км/ч) и услови за изолирана појава на град

Back to top button
Close