Од денеска трета доза вакцина против ковид-19  

Од денеска трета доза на вакцина ќе може да примат сите граѓани на возраст над 60 години, и сите здравствени работници и пациенти кои имаат влошена имунолошка состојба, без оглед на возраста. Се најавува и скрининг на генералната здравствена состојба на населението, како и брзи антигенски тестови за учениците во основните и средните училишта во државата. Согласно сознанијата кои во минатата недела ги посочи министерот за здравство Венко Филипче третата доза вакцина треба да биде од производителот „Фајзер“, а дополнително ќе следат препораки за вакцини од други.

Филипче наведе дека сите граѓаните кои примиле втора доза во моментот кога ќе поминат шест месеци ќе добијат СМС порака дека може да се јават и да примат трета доза вакцина и нагласи дека нема потреба да се заминува во странство за трета доза вакцина. „Даваме препорака врз основа на искуства од други земји и меѓународни институции кои се тие категории граѓани кои треба да се вакцинираат. Значи сите граѓани без разлика на тоа со која вакцина се иницијално вакцинирани, може да се вакцинираат со трета доза вакцина. Има вакцини доволно во кој било пункт“, изјави Филипче

 

Back to top button
Close