Од денеска затворен и базенот во Карпош, причина дефект на системот за греење

Неколку пливачи денеска наидоа на затворена врата и осамнато известување дека нема да можат да се капат.

Причината поради која базенот е под клуч е дефект во системот на греење. Од спортскиот комплекс за Канал 5 велат дека проблемот го лоцирале вчера, но дефектот е поголем и базенот нема да работи најмалку две недели.

„Се работи за дел кој што во моментов не може да се набави во Македонија, односно го има само во Турција. Делот е веќе нарачан и очекуваме негова достава во следните две недели, од што зависи и колку време ќе трае санирањето на дефектот.“-Спортски центар „Борис Трајковски“ .

Пливачите се револтирани на нефункционалноста на објектите и честите проблеми кои се јавуваат со години а не се трајно решени. Еден од најистакнатите македонски пливачи, Евгениј Поп Ацев, во изјава за Канал 5 жали што се затвори единствениот базен кој ги исполнува условите за тренинг на професионалците и тоа во пресрет на повеќе национални и меѓународни натпреварувања.

Граѓаните се сомневаат дека дефектот е вистинската причина, особено по затворањето на градскиот базен и во Куманово, од каде појаснија дека причината е поскапувањето на струјата и гасот – па не им е исплатливо да работат

 

 

Back to top button
Close