Од дома директно во притвор: Кај две лица во Кичево пронајдени 53 пакувања со кокаин

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Е.П.(30) и А.П.(60), двајцата од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

При претрес во нивниот дом, полициските службеници од криминалистичката полиција при ОВР Кичево пронашле и одзеле вкупно 53 пакувања со кокаин.

На двајцата им била одредена мерка притвор во траење од 30 дена и биле спроведени во казнено – поправна установа за издржување на мерката.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close