Од Голи Оток до гола држава!

Мерсел Биљали

Светот не е во опасност од луѓето што прават зло, туку од оние што го дозволуваат тоа – вели А. Ајнштајн

Теоријата на хаосот, „ефектот на пеперутка“, има симболика дека мала промена во една точка од светот може да создаде глобален хаос. Познато е дека чумата од 14 век ја уништи најсилната империја во историјата на човештвото и уби стотици милиони луѓе во Евроазија. Монголската империја, со површина од 33.000.000 км², се распадна како кула од карти. Подоцна, истата таа чума создаде револуционерен технолошки развој во Европа, што потоа доведе до глобален колонијализам. Параг Кан, познат геополитички стратег и автор на книгата –

„Иднината е Азија“, вели дека сме сведоци на големи тектонски поместувања на глобално ниво. Светот е погоден од четири огромни „шокови“ – Ковид, Украина, Трамп и Блискиот Исток! Постоечкиот светски поредок се урна како кула од карти за само неколку месеци. Познато е дека „шпанскиот грип“ по Првата светска војна, дополнет со Версајскиот договор, доведе до „Големата депресија (1929-1933), која го донесе Хитлер на власт и одзеде 50 милиони животи и големи општи разарања.

Имено, по Втората светска војна, ООН беше создадена со големи овластувања и силни институции. Но, поразот на Советскиот Сојуз во Авганистан доведе до распад на СССР и на целиот комунизам во Европа. Светот стана униполарен, каде што единствената глобална суперсила беа САД. Но, подоцна Ковид и војните создадоа густа глобална магла, па „ефектите на пеперутка“ го потресеа светот. Западните економии почнаа да личат на патник изгубен во пустина полна со халуцинации од оаза. Светот веќе никогаш нема да биде како пред 2019 година. Енромно порасна бројот на купувачи и продавачи на „магла“!

Синџирите за снабдување на глобалните пазари се покажа многу посложени отколку што се мислеше. Стивен Хол, поранешен раководител на операциите на ЦИА во Русија вели: „Никој не можеше да предвиди толкав голем раскол на самиот Запад“! Долготрајната војна е сериозен тест за единството меѓу САД, НАТО и ЕУ. Пентагон и НАТО знаеја дека ќе има долга војна во Украина и дека САД нема да се вклучат со потребен капацитет – рече Хол.

 

Со ѓаволот се добива пеколот!

Денес, светот се соочува со поопасни воени и економски предизвици од кога било порано. Важни аналитичари предвидоа дека војната во Украина ќе има „големи последици“ врз глобалните резерви на храна и енергија. Високите цени на енергијата и храната, кои предизвикаа висока инфлација, веќе создаваат големи политички импликации во светот. Лари Финк, извршен директор на „BlackRock“, една од најголемите компании во светот, кој управува со најголемото портфолио на средства во светот од 10 трилиони долари, вели дека постои големо нарушување во економските компоненти што го поврзуваат светот. Долгорочните санкции врз руската економија го казнија не само режимот на Путин, туку и целата светска економија. Цените на енергијата се сè уште високи бидејќи Русија е исклучена од значителен дел од светскиот пазар на нафта.

Како резултат на војната, економскиот раст на ЕУ помеѓу 2022 и 2025 година е помалку од еден процент годишно, додека во САД е околу два проценти, а во Кина е под четири проценти. Ова е сериозен знак дека светот стагнира. Немирите ескалираат во делови од Африка, а Блискиот Исток продолжува да врие. Еден од 11 луѓе во светот денес е екстремно гладен. Повеќе од 811 милиони луѓе ширум светот страдаат од глад, особено во Африка, Азија и Латинска Америка. А гладот ​​ги мами дури и најмудрите риби на јадицата. Денес, поради алчноста, и богатите стануваат сè погладни. Еврејскиот поет Шолом Алејхем со право вели – „Животот е сон за мудрите, игра за будалите, комедија за богатите и трагедија за сиромашните“!

 

Македонија си игра со сопствената судбина!

Албанија ја отвора последната група преговарачки кластери со ЕУ. Таа, за нешто повеќе од една година ги отвори сите шест кластери, што европските претставници го оценија како напредок постигнат со „невидено брзо темпо“! Мицковски теши со смешната изјава „ние сме пред Албанија“! Своевидна пустинска фатаморгама! Ние 35 години, талкаме во пустината не сакајќи да разбираме дека во геополитиката, судбината а таа што ги меша картите, а ние играме. Но, тешко е да се разбере таму каде што мудроста лесно венее, а глупоста брзо цвета. Башка што власта има убава колекција ножеви во грб.

Но, Мицкоски и неговиот ехо Давкова нè држат сред жешката пустина! Кога човек размислува трезвено, мора да се опие! Тие можеби знаат зошто го прават тоа, но не се знае зошто луѓето го трпат тоа! Тие сакаат неограничена власт, ама бараат од нас „ограничените“ цената да ја платиме! А во животот секоја грешка се плаќа, но некои ги праваат, а други ги плаќаат.Секој од нас должи фантастични 9.035 евра. Дури од инает на ЕУ, наместо неповратни пари ние се задолжуваме до седмото небо. Бетер од „Грчка“! Пред ратификација на спогодбата со Влекика Британија, секој наш граѓанин должел околу 5.300 евра, а сега фантастични 9.035 евра. За четири месеци долгот бил покачен од 7,7 милјарди евра, до фантаситчни 14.3 милјарди евра. Голем дел од тој долг е „рогови во вреќа“.

Претходниот долг дури се должи на постојани фискални дефицити од пандемијата кои во просек биле околу 5 проценти годишно, вели директорот на Канцеларијата на Светска банка за Северна Македонија, Масимилијано Паолучи. Но, поради алчноста на власта за пари, попратен со изостанување на потребни механизми за контрола на трошењето, јавниот долг кај нас наликува на авион без пилот!

Власта се фали лажно дека со Велика Британија има некаков „договор за стратешко партнерство“! И дека тоа ќе ни служи и како чадор ако се случи бура. Секој што знае меѓународна политика, лесно може да разбере дека наместо мед и млеко ние ќе добиеме лук и вода. А олигарсите поради кои властите со години не донесуваат закон за одземање на недокажан имот, пак на долгот гледаат како на нивна „шведска маса“.

А тоа со мигранатите, рака на срце, ако ги исклучиме овдешните предрасуди, и не е толку лоша идеја за држава која секој ден се празни. Општата бројка на населението во дравата е на слободен пад. Треба и ние, како и целиот нормален свет да почнеме да прифатиме, оти недостасува работна рака. Целиот свет така фунционира. Ние можеме насекаде по светот, ама тука никого не сакаме! Планетата е за сите луѓе. Експерти велат дека Запад немаше да има развој без работници од југот. А кај нас што во главата имаме мувла наместо памет, тоа е нешто најлошо! Барем на сите им е јасна која е разиката меѓу претходната и сегашната држава. Таа си имаше Гол Оток, ама ние си имаме гола држава.

Back to top button
Close