Од Грција за Финска заминаа 24 деца бегалци без придружба

 Во рамките на европската програма за релокација на деца бегалци без придружба кои престојуваат во Грција, денеска, од атинскиот аеродром за Финска заминаа 24 деца, јави дописничката на МИА од Атина.

Станува збор за 23 деца од Авганистан и едно од Палестина, кои до сега беа сместени во бегалските кампови на островите Лезбос, Кос, Самос и Хиос, а се дел од групата од вкупно 100 деца бегалци без придружба, кои од Грција ќе заминат за Финска.

Back to top button
Close