Од идентификација на гласачот до пуштање на ливчето во кутијата – како изгледа чинот за гласање

Право на глас има секое лице кое е запишано во изводот од избирачкиот список и поседува важечка лична карта или пасош, односно за претседателски избори 2024 година лична карта или патна исправа чија важност истекла од 24 јули 2023 година до 24 април 2024 година, а за парламентарните избори гласачот ќе може да гласа со лична карта или со патна исправа чија важност истекла во периодот од 8 август 2023 година до 8 мај 2024 година

Државната изборна комисија (ДИК), за денешните двојни избори, има подготвено повеќејазично упатство за гласање кое ќе биде поставено на секое избирачко место. Упатството е достапно на македонски, албански, турски, српски, ромски и влашки јазик.

Од ДИК вчера ја појаснија процедурата за гласање.

Гласањето се врши лично, на гласачките места. Избирачкиот одбор задолжително го прашува гласачот дали сака да гласа за двата вида на избори или сака да гласа само за еден вид на избори, односно дали сака да гласа за претседателски или за парламентарни. Притоа, на гласачите им се објаснува начинот на гласање и им се овозможува да гласаат. Гласачот може само еднаш да се појави на гласачкото место за остварување на своето избирачко право.

ДИК објави упатство за гласање на изборите

Право на глас има секое лице кое е запишано во изводот од избирачкиот список и поседува важечка лична карта или пасош, односно за претседателски избори 2024 година лична карта или патна исправа чија важност истекла од 24 јули 2023 година до 24 април 2024 година, а за парламентарните избори гласачот ќе може да гласа со лична карта или со патна исправа чија важност истекла во периодот од 8 август 2023 година до 8 мај 2024 година.

Двојни избори – граѓаните одлучуваат за шеф на државата и за членови на Собранието

На секој граѓанин, по доаѓањето на избирачкото место, му се проверуваат документите за лична идентификација. Гласачот ќе добие две гласачки ливчиња доколку се одлучи да гласа за двата вида избори или едно гласачко ливче за изборите за кои се одлучил да гласа. Потоа гласачот се потпишува во соодветниот извод од Избирачкиот список.

Гласањето е зад параванот за гласање, со заокружување на редниот број пред називот, името на листата или редниот број на кандидатот со хемиско пенкало во сина боја. Превитканото гласачко ливче го става во една од двете гласачки кутии соодветно обележани. Притоа, секој гласач се задржува во избирачкото место онолку време колку што му е потребно за да го оствари своето право на глас без притоа да направи каков било застој во истото. На крај гласачот го подигнува документот за лична идентификација и го напушта гласачкото место.

Back to top button
Close