Од идната година поевтина струја за занаетчиите

 Малите занаетчии, бербери, фризери, кројачи, шивачи, автомеханичари и други мали фирми, занаетчии, од идната година ќе плаќаат поевтина струја, информираа денеска од занаетчиската комора.
Директорката на ЗКРСМ Јелена Спасова, изјави дека делумно се прифатени барањата на занаетчиската комора за категоризирање од индустриска во домаќинска електрична енергија за поддршка на микро, малите занаетчии, сè додека трае кризата.

– Барањата кои се однесуваа за субвенционирање на електричната енергија кај занаетчиите, микро и малите претпријатија од индустриска во домаќинска електрична енергија сè додека трае кризата, делумно се прифатени. Занаетчиите од Нова година ќе плаќаат поевтина електрична енергија. Со новите цени најголема добивка имаат малите фирми. За нив струјата ќе биде поевтина така што наместо 17 денари за киловатчас, ќе плаќаат 13 денари. Евтината, ќе чини 10 денари за киловат. Оваа цена ќе важи за 70 илјади компании, голем дел занаетчии, изјави Спасова.

ОД ЗКРСМ сметаат дека ваквото намалување на цената на струјата ќе придонесе да се стабилизираат микро, малите фирми и ќе биде од голема помош да се преброди економско-енергетската криза.

– Се надеваме дека ова што го направивме за занаетчиите, барањата, средбите со Владата, со министерствата е голем успех за занаетчиска комора на Република Северна Македонија која уште еднаш докажа дека е бори и ќе се бори во иднина за најдоброто за занаетчиите, изјави Спасова.

Back to top button
Close