Од кабинетот на Чулев го правдаат дека на собирот се појавил “како министер”

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев вечерва, во екот на изборната кампања во земјава, бил на средба со граѓани во Долно Лисиче, Скопје, како што за 360Степени потврдија и од неговиот кабинет.

Од кабинетот на Чулев не негираат дека тој отишол на средбата во Долно Лисиче со службено возило, ама посочуваат дека бил таму како министер за внатрешни работи, а не како политичар, ниту, пак, во функција на изборната кампања. Нему како министер за внатрешни работи, како што велат од неговиот кабинет, му следува службено возило и 24-часовно обезбедување.

„Министерот Чулев не е ниту политичар, ниту кандидат на изборите, ниту учесник во кампањата. Тој беше службено на средба со граѓани, како министер за внатрешни работи“,

велат од ксабинетот на Чулев.
Сепак, на фотографиите од настанот на кој присуствувал Чулев – единствениот член на техничката влада од редовите на опозицијата, може да се забележат симболи на ВМРО-ДПМНЕ, наспроти тврдењата дека министерот бил таму службено.

Back to top button
Close