Од компанијата со тротинетите: Три се украдени, знаеме од каде, полицијата постапува


Менаџерот на компнијата Бинбин, Висар Дурак, вели дека самиот систем на тротинетите покажува каде се наоѓа секој тротинет и во моментот кога некој се обедува да ги злоупотреби, системот алармира и екипите одат на лице место за да го евидентираат проблемот, пишува ТВ21.

„Досега имаме три украдени тротинети и ги имаме сите податоци каде тие се наоѓаат и од кое место се земени. Пријавено е во полициската станица со сите детали, со слики и видеа и верувам дека органите ќе го решат проблемот“, вели Висар Дурак – менаџер на Бин Бин.

Еден граѓанин пријавил проблем во врска со електричните тротинети. На фејсбук тој напишал дека неговата ќерка ја користела услугата и дека и покрај тоа што го стиснала копчето за завршување на возењето, апликацијата не функционирала како што треба и продолжило да и бидат наплатени пари од нејзината жиро сметка.

„Во моментот кога ја добивме пријавата, веднаш контактиравме со лицето иако во самиот систем можете да направите „енд рајд“ значи можете да го прекинете возењето и апликацијата вчитува дека вие не возите веќе и дека сте го оставиле тротинетот. Доколку продолжува да се наплаќа, самиот систем по одредено време ви ги рефундира парите. Сме контактирале со лицето и средствата се вратени“, додава Дурак.

Back to top button
Close