Од Ковид-19 почина поранешниот кошаркарски селектор, Марјан Лазовски

Едно од најголемите тренерски имиња во македонската кошарка Марјан Лазовски почина денеска како последица на компликации од коронавирус, на 58 години.
Лазовски ја предводеше македонската машка кошаркарска репрезентација на олимписките квалификации во Венецуела во 2011 година, откако претходно му беше асистент на Марин Докузовски во освојувањето на четвртото место на Европското првенство во Литванија.
Лазовски ја предводеше и македонската сениорска женска репрезентација, а со младинската машка репрезентација настапи на Европско првенство.
– Човекот кој како тренер работеше во Вардар, МЗТ Скопје, АМАК-СП, Пелистер, Торус и во Работнички, денеска ни остави само сеќавања на својот ведар дух и голема добрина, како и огромната љубов кон кошарката. Почивај во мир добар наш Маки, соопшти попладнево македонската кошаркарска федерација.






