Од куќен притвор во Карпош приведен дилер на амфетамин и марихуана

Против Д.Б. ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од КЗ и за новото кривично дело, велат од МВР

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога и СВР- Скопје денеска заплениле синтетичка дрога амфетамин и марихуана во скопската населба Карпош.

„Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во дом на Д.Б. (38), кој издржувал мерка куќен притвор, и при тоа е пронајдена синтетичка дрога амфетамин и марихуана. Д.Б. е приведен во полициската станица Карпош, а по насока од јавен обвинител и судија од Основниот кривичен суд, е спроведен во истражниот затвор ‘Скопје’. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по член 215 од КЗ и за новото кривично дело“,соопшти Министерството за внатрешни работи.

Back to top button
Close