ОД ЛИЧНО ИСКУСТВО: “ЗА ЕДНА БОЛВА ДА НЕ ГОРИМЕ ЈОРГАНОТ” !?

ОГНЕНАТА ГРУПА НА ДУИ  ЗАСЛУЖУВА ПОШИРОКА ЈАВНА ПОДДРШКА

Во таканаречената “Огнена група” има и поединци – профитери, кои залутале од лукративни причини. Од лично искуство знам дека мегу нив и Муса Џафери, затоа што, во времето кога и самиот, ПО СВОЈА ВИНА, се најдов во владините одаи, каде, често доагаше со лидерот Али Ахмети во кабинетот на Бранко Црвенкоски, со кого, пак, бевме соседи и соработници, се додека, сето тоа, не го заташка една – бедна Наташка!

Сепак, во целина и генерално, ја имаат мојата поддршка, а ќе се дрзнам да побарам и поширока јавна поддршка. Политичката не ме интересира,

Ќе наведам неколку причини:

Прво, преку Меџити, настапуваат принципиелно, со исправни политички ставови.
Второ, нивните ставови немаат само етнички предзнак, иако, на прв поглед, може да се добие таков призвук. Дури и да е така, тоа е легитимно.

Сепак , во Западна Македонија, не живеат само Албанци, иако во одделни места се доминантна етничка група.

Трето, некои од министрите на ДУИ, навистина забегаа, а тоа не им годи на Албанците, исто колку и на останатите, мегу  кои, и на Македонците.

Зошто некој етнички Албанец, би поддржувал јавна личност, особено владин функционер, со привелегии врз грбот на народот, ако, тој, се дрзне да се расфрла по социјалните мрежи – како, тоа, спиел во апартман од 850 метри квадратни на Босфорот, каде се плаќа некои “никакви” 20.000 евра !!!

Дополнително, Муса Џафери,  заедно со Острени, беше во групата кога Црвенкоски и  Ахмети, за прв пат, јавно, излегоа на терен, во Дебар, божем во “работна посета на КНАУФ!”, што, пак, мене лично ми беше ставена на немоќните плеќи исцело да ја организирам. И, да помине “без да ми фали влакно од главата!”, а можеше и глава да ме кошта. Мислам во политичка, односно професионална смисла.

Конечно, Муса Џафери често се споменува и како дел од “Бучковата Огнена група!”, која дрпна пет – шест милиони евра од грбот на народот, со тоа што на Унгарците од Телекомот им беше дадена уште една година, самостојно да хараат на пазарот во Македонија. Дело што е докажано во САД и за што Унгарците платија казна од стотина милиони долари. Таму не застаруваат кривичните дела !?

Но, да не набројувам натаму.

А, која е вошката од опкружувањето на Али Ахмети? Меџити, ако мисли на поединец, тогаш го таргетира  Артан Груби.

Имав слично искуство во почетокот на 2003 година, во Пустец, како соорганизатор на средбата Бранко Црвенкоски – Фатос Нано, те сакам да го споделам.

Бранко и Фатос беа повеќе од премиери на две држави. Беа лични пријатели, а Бранко му има пружено и конкретна (спасоносна!)помош кога требаше да се спаси Нано, од познатата, пословична жестокост на мојот стар пријател од земјата на орлите – Сали Бериша. Не е пристојно и упатно да давам повеќе детали, но верувам дека го разбирате контекстот.

Благодарниот Фатос, дојде лично на граничниот премин Стење, со својот џип и својата нова животна сопатничка, симпатичната Гркинка, и го презеде нашиот премиер, возејќи го до Пустец.

Таму, пак, без наше знаење, на масата за разговор, од некаде се најде неизбежниот  Тодор Петров, кого ни го подметна тогашниот градоначалник, познатиот Монди (Темелко), снаодлив Македонец со живеачка во Ресен, а на работно место – градоначалник на општина во Пустец!  Уште тогаш му кажав да не оди по акалот на безглава мува, затоа што ќе заврши – знаете каде. За жал, моја и негова, така и заврши.

“Загрижениот” Петров – за правата и положбата на Македонците во Мала Преспа, го злоупотреби незаслуженото гостопримство, како што цел работен и животен век ги злоупотребува Македонците од земјата и особено од дијаспората!

Фатос Нано на чист македонски јазик изговори (возврати): “за еднаа болва да не  гориме јорганот!”.

Ја прочита од книшката на умотворби од Миранда Шутина, од Голо Брдо, која претходно ја промовиравме во Охрид, а им ја поделивме на гостите.

 

Веле Митаноски

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close