Од Малта во Грција со негативен тест за Ковид-19 А

Од денеска, сите оние кои од Малта ќе пристигнат во Грција, потребно е да имаат негативен молекуларен ПЦР тест за Ковид-19, направен 72 часа пред патувањето, јави дописничката на МИА од Атина.

Одлуката, според издаденото и соодветно упатство од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција, е во сила до 15 август 2020 година.

Од понеделник, негативен тест е задолжителен за летовите од Шведска, Чешка, Белгија, Шпанија и Холандија, како и за влез во Грција преку копнените граници за оние категории за кои не постои забрана.

Back to top button
Close