Од МНР потврда: Ковачевски и Петков ќе се сретнат во Рим

 

Во Рим ќе има средба меѓу македонскиот премиер Димитар Ковачевски и бугарскиот Кирил Петков, потврдуваат од МНР за Телма.

Од владата не одговораат ниту пак се споделуваат детали за што ќе се зборува на средбата. Двете државни делегации во различни термини ќе го чевствуваат Свети Кирил и Методиј, но посетите ќе се преклопат во еден дел па за очекување е темата на разговорите да биде последното европско забрзување за да се надмине проблемот.

Нема промени во спорот, има притисок за напредок, вака бугарската шефица на дипломатијата Теодора Генчовска за БТВ ги коментира наводите за брзо разрешување на актуелната слепа улица во односите меѓу Македонија и Бугарија.

Генчовска само го потврди она што го кажа и вицепремиерот Маричиќ на Топ Тема на Телма. Дипломатска офанзива има, а тоа го покажа и посетата на еврокомесарот Оливер Вархеи на Софија во која главна тема се токму евро-интеграциите на Скопје. Вархеи синоќа си замина, но најави дека по три недели повторно ќе се врати во Софија во иста мисија- промена во ставот на Бугарија и започнување на преговорите со Македонија во јуни. Маричиќ пак рече дека станува збор за европска иницијатива во спорот.

Во Софија постои разногласие во владиниот коалициски состав, а тоа го покажа и синоќешното барање на премиерот Петков до претседателот Радев итно да го свика националниот Координативен совет за национална безбедност, за да се консултираат околу најновиот развој на ситуацијата. Радев досега не одговори, а Генчовска му контрира на својот шеф во владата, велејќи дека одлуката за повикување на советот е ингеренција на претседателот на државата кога нешто ќе се промени, а тоа досега таа не го видела. Петков бара и рапорт од Генчовска што како министерка сторила во преговорите со Скопје, додека Генчовска пак преку БТВ му одговори дека ветото треба да остане бидејќи нема преговори и си посака покана од Османи за средба и преговори.

Back to top button
Close