Од неум, Општина Дебрца доби македонски Неум, а ја изгуби сопствената душа!?

Едно време, не така одавна, но, што би рекле мои дебрчани. кога “Господ, сеуште, шеташе по земја” , ете така, од апансус, се задеси и јас да се вмешам во високата политика. Држ – не дај, еден период, многу тежок и многу болен, кога се прекројуваше земјата, под наслов: “нова територијална поделба!”, дотуркав се до прв сосед, со кабинетите, на тогашниот премиер, нашинецот по потекло, но, не и определување, лицето Б.Ц, алијас Бранко Црвенкоски. После стаклената “завеса” во, сеуште, тогаш, постојните “коцки”, Бране, јас и, разбира се, неизбежната Наталка!
За тој човек, направив многу, целпосно се посветив, без денар надоместок работев и втора смена, краток период водев две институции, една јавно една тајно, често, без преспиена ноќ, ги менував локациите. Некои нешта се објавени во мојата прва книга “Рани спомени”. Што, пак, тој направи со мене и од мене, самиот си знае !
Нејсе, овој пат, сакам да споделам спомен, само околу прекројувањето на општинските граници, а врзано, или иницирано од локалните избори. Имав и конкретно задолжение од владата – медиската кампања!
Во една прилика, Шефот ( според терминологијата на Шефицата!) побара мислење и од мојата маленкост, околу кројката.
-Два пати мери, еднаш сечи, му реков. Прај што ќе прајш, Вевчани и Дебрца да не ми ги чепкаш!
За Дебрца не побара објаснување, побара за Вевчани. Бидејќи добро ги познавав, а и многу рани спечалив застанувајќи на нивна страна од првиот момент. Тогаш работев во ТАНЈУГ , оној на Михајло Шарановиќ, не денешноиот, на Ивона Талевска. Му кажав само толку:“ако им ја чепнеш општината, ќе добиешп нова Андора на Балканите, баш во Македонија!
Вевчани остана, за што заслугата е најверојатно на Киро Глигоров, мојот најсакан претседател, и, ако не е нескромнио, искрен пријател, кој во една прилика на вевчанци им рече: “вие сте последната линија на одбраната и оаза на македонштината”. Се до неговата смрт таму одржуваеше ликовна колон ија, после тоа, подржувачите си ја приватизираа со ново име.
Роден во Сараево, Бранко го немаше тоа чувство на дебрчанска шрипадност. Што не беше случај со неговиот татко Љубе, кој ми доаѓаше во Црвена Вода, како што јас му одев во Слатино, а и кој е најзаслужен што, со неговата исполнета желба, мои дебрчани, покрај на МТВ, ги добија сигналите и на приватните телевизии. Предавателот го изградивме во Црвена Вода, електричното напојување тргна од мојата бандера, искористив еден постар столб од Супер Радио, а припомош ми даде само тогашниот градоначалник на Дебрца, Љупчо Којчиноски.
Чудни се патиштата божји. Но, едно е сигурно, човекот не може да излезе од сопствената кожа, од убедувањето што го стекнал во најраните години од животот. Јас ја имав таа среќа, или тешка подоцнежна судбина, да се родам, пред се во село, но и во куќа со која, на некој начин, се поврзани сите нишани на македонската држава и дравност.
Тоа не сум го истакнувал порано. Многумина не знаат дека вториот, или првиот главен лик во “Волшебн ото самарче” на Ванчо Николески, е мојот дедо, Ангеле. Прв човек во селото, партизански кмет, по директен, личен избор на Петре Пирузе Мајски. Ангеле е човекот, кој курирчето Трајче го водешпе до куќата на Владо Малески Тале, истата онаа што овие денови ја растурија градежните бандити!!!
Мојот дом, пред неколку години, место поп го “освети” тогашнкиот претседател Стево Пендаровски, со прашањето: “ како е можно, после сево ова што го чув, јас да сум првиот претседател, кој после седум децении, стапнал овде”?
Да, секако дека Бранко мораше да најде можност да дојде тука. Ако дојдеше, не само што прашањето на Пендаровски ќе беше излишно, туку и општина Дебрца, ќе беше она што и беше пред изнудената територијална кројка – од Ботун па до Пресека!
Ќе останеше симбол, симбол на една партизанска епопеја, на една победа, наследство на првата слободна територија во антифаистичката војна, симбол на новата, или, првата македонска држава и државност.
Како таква, општина Дебрца ќе се развиваше – како симбол и долг кон ослобнодителите. Со спојувањето со тогашната општина во Мешеишта и мајтапењето на Бранко, дека од Дебрца направил нов Неум, по примерот на морското крајбрежие на Босна и Херцеговина на Јадранот, Дебрца не доби ништо.
Политичарите се прагматични луге. Народот во рацете држи лопата, а тие мотика! Зошто би вртеле поглед кон една Црвена Вода, со троца избирачи, кога пред носот им се селата од припоената мешеишка општина, со илјада гласачи!?
Дури и кога, најголемиот дел од средствата со кои ја полнат општинската каса им доагаат од Црвена Вода. Било тоа преку најголемиот стопански капацитет во општината, било шреку патот, кој селание си го изградија сами, а од кој општината инкасира 70 посто од концесијата на мајданот (чист чакал варовник) со кој се послани половината од поновите згради во Охрид и Струга, а сега автопатпот Кичево – Охрид.
Мајданот, сепарацијата, дупката …ја следат од вселенската станица, а за поврат – ОД ОПШТИНАТА, НИТУ ЕДЕН ДЕНАР НАЗАД ЗА ПАТОТ ВО ПОСЛЕДНАВА ДЕЦЕНИЈА, кој веќе и не е пат!!!
автор Веле Митаноски

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close