Од новите 12 заболени во тетовско, случај во возрасната група од 10 до 20 години

– Две нови жаришта (кластери) на заболени бележи тетовскиот Центар за јавно здравје кај новите 12 заболени од КОВИД-19, додека останатите се поради контакт со веќе заболени лица. Се бележи и случај на заболен во возрасната група од 10 до 20 години.

 -Повеќето случаи се постари од 60 години, но се бележат и заболени во возрасните групи од 10 до 20 години како и од 30 до 50 години. Од 12-те нови случаи во регионот повеќето од случаите се жители на градот Тетово, како и во општина Теарце. По еден случај има во општините Боговиње и Брвеница. Имаме два нови кластери, а другите се контакти од веќе заразени лица, изјави Наим Скендери, специјализант по епидемиологија во Центар за јавно здравје Тетово.

Сега на тетовското подрачје има вкупно 100 болни активни случаи, а вкупно се бележат 257 лица кои биле дијагностицирани со КОВИД19.

Back to top button
Close