Од новите 165 случаи на КОВИД-19, 71 заразен во Скопје

Од регистрираните нови 165 случаи на КОВИД-19 во државата, согласно денешните податоци на Институтот за јавно здравје, најголемиот број, 71, се од Скопје. Според статистиката на Министерството за здравство, во главниот град досега има 1.983 случаи, активни се 1.983.

Најголем број на активни случаи во скопските општини има Чаир – 424, потоа следат Аеродром – 154, Бутел – 163, Гази Баба – 193, Центар – 143, Карпош – 167, Сарај – 148, Кисела Вода – 121, Ѓорче Петров – 113, Студеничани – 113, Шуто Оризари – 90, Арачиново – 54, Илинден – 32, Петровец – 16, Чучер Сандево – 19, Сопиште – 14, Зелениково-6, двајца се странци и 11 се нераспределени.

Во целата држава има вкупно 3.583 активни случаи, а вкупната бројка на КОВИД дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува  6.787. Оздравени се 2.876 пациенти, а починати 3583.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close