Од новите осум вработени во Центарот за јавно здравје, ниту еден не е Македонец
Со хаш таг #РаботаНеСамоЗборови, директорот на Центарот за јавно здравје Мухамед Демири информираше дека има осум нови вработувања.
„Вработени се осум нови Албанци“, пишува во пораката објавена на Фејсбук.
Во Центарот за јавно здравје се реализирани унапредувања и нови вработувања, при што сите вработени и унапредени лица се од албанска националност. Осум лица се унапредени од средно на високо образование, а осум нови кадри се вработени, сите Албанци. Во текстот објавен од директорот на Центарот не се споменува ниту еден вработен од македонска заедница.