Од новозаболените, 22 лица патувале во странство во изминатите 14 дена

Во периодот од 6 до 12 јули, од случаите на Ковид 19 кои се епидемиолошки истражени, хоспитализирани се 114 лица или 11,5 отсто што претставува намалување за 2% во однос на претходната недела на известување, а кај 270 лица или кај 27,2% регистрирано е присуство на коморбидитети, што е за 2% повеќе од претходната недела, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје.

Од вкупниот број на епидемиолошки истражените новозаболени 42,6% имале контакт со потврден случај на Ковид-19, а 22 лица имале историја за патување во странство во минатите 14 дена.

Back to top button
Close