Од охридска плажа до болницата Св.Стефан донесен 65 годишник од БиХ без знаци на живот

Вчера во 14:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни заболувања Св.Стефан“ бил донесен починат М.С. (65) од Босна и Херцеговина.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.