Од октомври до сега на 47.000 наши иселеници им се издадени нови патни исправи, вели Бојмацалиев

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев на ТВ21 на прашањето околу пораката до нашите иселеници, сограѓани кои живеат во странство за патните исправи да се обратат во дипломатско-конзуларните преставништва и колкава е бројка на побарувања од наши иселеници и дали има таму гужви, појасни дека во 2019 година се отвори тендер во МВР за набавка на нови базни станици од кои 25 се отстапени на МНР.

„Од 01.10.2021 до 09.02.2024 на 47.000 наши граѓани им се издадени нови патни исправи. Доколку им е предалеку базната станица со патен лист можат да дојдат во матичната земја и во законскиот рок да си ги добијат своите патни исправи. Во летните месеци и во декември и јануари секогаш имаме наплив за промена на личните документите, рече Бојмацалиев.

Back to top button
Close