Од овчари и слаткари станаа шеици и тајкуни. За ВМРО ДПМНЕ ДУИ биле “скороевичи од времето на Милошевиќ“

ВМРО-ДПМНЕ жестоко реагираше на ставовите на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој во последните настапи повторно се навраќа на 2001 година.

„ДУИ може колку сака да потсетува на 2001, но сега е 2025, и не само што не може да ја делат Македонија, туку може и да завршат во затвор за криминал и за тоа што ја разјадуваат државата. Ахмети се враќа 24 години наназад, а 23 од тие години беше на власт и учесник во целото газење, компромитирање и корумпирање на институциите,“ стои во реакцијата.

Од опозициската партија велат дека најголемите бенефити од конфликтот ги добиле „50-тина луѓе од врвот на ДУИ, кои од овчари, земјоделци, механичари и слаткари станаа шеици и тајкуни“, додека граѓаните, особено Албанците, масовно се иселувале.

„Ахмети дури и да ја поделел Македонија во 2001 година, денес ќе имал иста држава – празна, сиромашна и опљачкана. ДУИ 24 години произведува тајкуни блиски до партијата, а резултатот е пепел и сиромаштија,“ наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата дополнително оценува дека „српското влијание врз ДУИ е непобитно“, споредувајќи ги со „скороевиќите од времето на Милошевиќ“.

„Нашиве српски мафијаши од ДУИ се одраз во огледало на милошевиќевите криминалци, но огледалото е од Али-експрес, па делуваат трагикомично,“ се додава во реакцијата.

Back to top button
Close