Од почетокот на пандемијата, вкупно 11 случаи на Ковид-19 во Пијанечко-малешевскиот регион

 Од почетокот на пандемијата со Ковид-19, во Пијанечко-малешевскиот регион, досега регистрирани се 11 случаи на коронавирус. Од нив два пациенти починаа, додека само еден пациент во моментот се води како активен. Пациентот, како што информираа надлежните е во добра здравствена состојба и наскоро се очекува негово оздравување.

-Досега од почетокот на Ковид-19 пандемијата имаме вкупно 10 пациенти во Малешевијата, од кои во моментот само еден активен случај во Берово. Пациентот кој е познат од претходен кластер е во добра здравствена состојба, се наоѓа во клиничка болница Штип е и не е во животно-загрозувачка опасност, што значи дека наскоро очекуваме да биде регистриран како оздравен пациент, истакнаа надлежните.

Во малешевскиот крај досега само еден пациент почина, како резултат на коронавирус, додека останатите девет позитивни пациенти поминаа со релативно лесна клиничка слика.

Вториот починат пациент од општините во регионот беше регистиран пред повеќе од два месеци во Делчево. Станува збор за пациент со останата симптоматологија, кој на последните два теста беше негативен на Ковид-19.

Приматот за општина без ниту еден случај на Ковид-19 и понатаму го држи општина Македонска Каменица. Од почетокот на пандемијата во една од најмалите  општини во државата, досега не е регистриан ниту еден случај на Ковид-19.

Back to top button
Close